Почитувани,
Сведоци сме на едно петгодишно владеење во кое е изгубен компасот за економија, енергетика, здравство и правда.
Г-да од СДС, престанете да ја дезинформирате јавноста со паушални изјави и насочете си ја енергијата на справување со кризата во која ја воведовте државата.
Во време кога трошоците за струја се повисоки за 300% во однос на претходната година, во време кога историјата се продава на големо, во време на здравствена криза, вие без срам критикувате, наместо да бидете активни учесници во обновувањето кое претстои.
Г-да од СДС, вие имате свои претставници во Советот на општина Кочани и знаете дека за 2021 година беа предвидени 9 444 000 денари за трошоци за електрична енергија, онаа енергетска криза на која вие бевте маслото на оган да се разгори.
Вашата неспособност на централно ниво да ја водите државата, и освен секојдневните сопки на градоначалниците ширум државата, вие друго и не работите. Сами сте свесни и запознаени дека истите средства се потрошени во првиот квартал, и општината е принудена да изнаоѓа дополнителни парични средства. Со новиот ребаланс на буџетот се предвидени 11 600 000 денари, т.е. зголемување на истата ставка за оваа сума.
Не постои човек во државата што не ја чувстува вашата неспособност преточена во зголемени цени меѓудругото на скоро сите прехрамбени производи, зголемена цена на нафтените деривати и се разбира на електричната енергија.
Сведоци сме на една од најголемите енергетски кризи, но ако направиме ретроспектива наназад ќе видиме дека секогаш во ваше владение се создаваат кризи, за некој друг после вас ги решава.
ОК на ВМРО – ДПМНЕ Кочани