ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани-Соопштение до јавноста

Најостро го осудуваме непочитувањето на мерките во Кочани!

Иако Општинскиот кризен штаб одржа седница со единствена точка на дневен ред – разгледување на состојбата и преземање мерки за спречување на ширењето и заштита од заразата што ја превидизвикува новиот вирус и донесе заклучок за контрола на групирањето сепак ситуацијата во градот оди во спротивна насока!

На социјалните мрежи излегоа слики на кои се гледа дека во ромското мало, во текот на вчерашниот ден, коалициониот партнер на СДСМ, Аксел Ахмедовски организира митинзи со поголемо групирање на граѓани.
Го повикуваме началникот на Одделението за внатрешни работи во Кочани Александар Максимов, да постапи соодветно на својата изјава од состанокот на кризниот штаб каде што во контекст на состојбата најави дека полицијата во наредниот период почесто ќе биде на терен и ќе го контролира носењето заштитни маски, држењето дистанца и групирањето на повеќе од две лица.

Од началникот Максимов, бараме да постапи со содветни поднесоци против лицата организатори, а од градоначалникот бараме јавно да го осуди овој настан!

Со почит, ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Сподели: