ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани со осуда за вербалниот напад врз наставничката во ОУ„Раде Кратовче“

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кочани го осудуваме вербалниот напад врз наставничка вработена во училиште во Општината.

Во текст кој денеска се објави на локалните портали а е потпишан директорот на основно училиште “Раде Кратовче” јавно, пред очите на јавноста, се врши психичко вознемирување на работно место, се повредува достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработениот во училиштето и предизвикува чувство на страв и создава непријатност, пониженост.

Бараме од надлежните поголема заштита на вработените во училиштата и бараме заострување на казнената политика на секој оној што ќе се обиде да нападне или омаловажи вработен во образовна установа.
Особено најостро ги осудуваме нападите на наставниците и јавното понижување во текстови во кои е потпишана цела институција!

Вработените во наставата, извршуваат една од најхуманите професии, и никако не смееме да дозволиме да бидат изложени на јавно понижување од одговорните .

Заради мобинг и заради неовластено користење на видео надзор, бараме од ДПИ и МВР соодветно да постапат, а од градоначалникот Николчо Илијев бараме веднаш да реагира и да го разреши директорот додека трае постапката.

Сподели: