ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани: Јавен повик!

vmrostab

Почитувани,


Со цел да ги спречиме погубните политики на Зоран Заев, заедно започнуваме со собирање граѓански потписи за фер, веродостоен и европски попис.

ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани ги повикува сите Македонци, Роми, Турци, Власи и останати, од сабота, 20 февруари, недела 21 фебруари и понеделник, од 12 до 15 часот во Градскиот парк, согласно протоколите за КОВИД-19, да дадеме поддршка на иницијативата за собирање потписи за укинување на Законот за попис и заеднички да го спречиме политички мотивираниот попис во Македонија.

Потребна ни е статистичка операција, исправен и точен попис на населението,
а не лажиран и политички каков што сака да спроведе Владата на СДСМ!

Да се потпишеме за да ги спречиме политичкиот грабеж и фалсификат на Власта!

Со почит!

ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Сподели: