ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Најнеуспешниот градоначалник на Истокот, го советува градоначалникот Илијев

Неоправдано и просто несфатливо е како од 70 милиони евра од Светска банка ставени на располагање на владата, да ги користат општините за локални проекти, досега се искористени само ,,смешни’’ 11 милиони евра!

Овој слаб процент на искористеност укажува на фактот дека живееме во интерна држава каде постои многу слаба агилност, функционалност и координираност на институциите на централно и на локално ниво, што од друга страна пак резултира со многу мала ефикасност во искористувањето на достапните средства од различни фондови!?

Реализацијата на вакви средства за проекти е од голема и витална важност во овие моменти, кои треба да ја раздвижат економијата во услови на пандемија, зголемувајќи го и онака нискиот процент на капитални инвестиции во државава и општините.

Цела оваа неефикасност директно се одразува на лошиот животен стандард, зголемената невработеност и нови задолжувања!!

И едно суштинско прашање:

По кои критериуми ќе се врши распределбата на средствата од Светска Банка кон општините, пред предстојните локални избори кога добро познато е дека:

Имаме општини кои во претходниве години енормно се задолжуваа и трупаа обврски празнејќи ги буџетите за непродуктивни трошоци?
Имаме општини кои во 21 век од сеуште неразбирливи причини не ги реализираат своите законски обврски во прибирање на локалните даноци и такси.

Ниту простувањето на долговите и каматите од страна на владата, ниту пак сите останати задолжувања кои се прават, не можат да ги покријат сите дупки со ,,покривка” од асфалт, како што е случај со нашата општина.

Еднонасочната улица по која оди нашата локална власт и нејзината заспаност по однос на многу други локални прашања го уништува достоинствениот живот на народот.

ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани
Портпарол – Кристина Атанасова – Арсова

Сподели: