ОК на ВМРО-ДПМНЕ: ОО на СДСМ во паника пропаѓа по политичкото мочуриште!

Најсилно го осудуваме последното соопштение на СДСМ со кое се напаѓаат и се омаловажуваат пожарникари-припадници на ТППЕ Кочани.
Од ОО оцрнуваат луѓе кои несебично и самопожртвувано го бранеа градот од огнената стихија која му се закануваше на Кочани.
Истите луѓе кои ни го спасија градот сега за потребите на кампањата на Николчо Илијев се напаѓаат и се клеветат!

Непобитен ФАКТ е дека новоизбраната советничка на СДСМ д-р Душанка Горгиева-Трпевски е сопруга на осуден и помилуван криминалец за злосторничко здружување и лихварство во случајот “Детонатор”.
За истото лице има донесено правосилна пресуда во кое е обвинет за лихварство, со пресуда се констатира дека “обвинетите ја искористувале тешката материјална состојба на своите сограѓани, давале позајмици и наплаќале високи камати”.
Истото лице по делумно издржување на казната е помилувано од претседателот на државата Ѓорѓи Иванов.

Советничката нема никаква вина, но покрај сето ова и недостасува личен кредибилитет да зборува за насилство за притисоци и “стари режимки сили”.

Стоиме позади интегритетот на секој припадник во ТППЕ.
Нападите и клеветите и желбата за власт на градоначалникот хотелиер, преминуват во лична освета и нарушување на угледот и чесноста на нашите херои.

Уште колку пресови, напади и жртви се потребни за волкот во јагнешка кожа да добие уште еден мандат?

Ама сето ова завршува во недела!

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани

Сподели: