Онлајн настава за учениците од „Љупчо Сантов“

Поради принудниот распуст, СОУ „Љупчо Сантов“ започнува со воведување на електронско учење за своите ученици. За спроведување на онлајн учењето професорите ќе ги користат социјалните мрежи за да комуницираат и дадат задолженија на учениците.

„Веќе девети ден како нашите училници се празни. По тој повод ние  како училиште припремавме онлајн настава за која што дополнително ќе бидат информирани сите  колеги и ученици од страна на ангажираните лица од нашата гимназија.“ рече Игор Христов директор на СОУ „Љупчо Сантов“

Со воведувањето на електронското учење, професорите од кочанската гимназија имаат за цел да го надополнат пропуштениот материјал поради принудниот распуст, но и да ги изучат предвидените тематски содржини .

И.Матеничарски

Фото: А.Арсов

Сподели: