Советот на Општина Кочани ја одржa 42. седница на која ги усвои двете предлог-решенија за формирање комисии за процена и утврдување на висина на штети од природни непогоди и други несреќи на земјоделски посеви и на станбени објекти на подрачјето на општина Кочани.
Поради неможноста дел од членовите на Советот физички да присуствуваат на седницата, како и поради итноста од формирање комисии за проценка на штетите од неодамнешните поплави во Кочанско, седницата се одржа онлајн, преку зум-платформа.
Двете седумчлени комисии ќе почнат веднаш со увиди на оштетените земјоделски површини и во домовите, по што извештаите со проценетата материјална штета ќе ги разгледува владина комисија.
Деновите Територијалната противпожарна единица – Кочани врши дезинфекција на поплавените домови, по пријава од жителите на најпогодените населени места, Горни Подлог, Долни Подлог и Грдовци.