Поради итноста од формирање комисии за проценка на штетите на земјоделските посеви и на станбените објекти на подрачјето на Општина Кочани, в петок на 14 август 2020 г. со почеток во 9 часот Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 42. седница.
Бидејќи дел од членовите на Советот не се во можност физички да присуствуваат на седницата, таа ќе се одржи преку зум-платформа.
Предлог-дневен ред:
- Предлог-решение за формирање Комисија за процена и утврдување на висина на штети од природни непогоди и други несреќи на земјоделски посеви на подрачјето на општина Кочани.
- Предлог-решение за формирање Комисија за процена и утврдување на висина на штети од природни непогоди и други несреќи на станбени и на други објекти на подрачјето на општина Кочани.