По повод Светскиот ден на пијаното, во вторник, 29 март, во салата на Мултикултурниот центар со почеток од 19 ч. , ООМУ „Ристо Јуруков“ ќе одржи концерт на пијано.
На концертот ќе настапат ученици од музичкото училиште од Кочани.
Пијаното по правило има 88 клавиши и настанот за одбележување на Светскиот ден на пијаното е токму на 88 – ден од годината на чие одбележување се приклучува и ООМУ „Ристо Јуруков“.