В среда, 29 март 2023 година, ООМУ „Ристо Јуруков” – Кочани по втор пат годинава ќе го одбележи Светскиот ден на пијаното.
На 88 ден од годината поради 88 клавиши на ПИЈАНОТО. На настанот ќе бидат промовирани дел од младите пијанисти на кочанското основно музичко училиште.
Концертот ќе се одржи во салата на училиштето со почеток во 18:00 часот.