ООУ„Св. Кирил и Методиј“ упати благодарност до сите донатори на информатичка опрема и уреди

Менаџментот на ООУ„Св. Кирил и Методиј“ периодов активно е ангажиран за обезбедување на информатичка опрема за учениците, кои поради недостиг на истата, не се во можност да ја следат онлајн наставата.

Минатата недела училиштето доби донација од 40 таблет компјутери од компанијата „Амфенол“, но како што информираше директорот Даниел Кралев, „Амфенол“ не е единствена компанија која донирала компјутерска опрема.

– Во изминатиов период пријатно сум изненаден што на мојот повик упатен до повеќето компании во Кочани, дел од нив позитивно одговорија на моето барање и донираа информатичка опрема која е неопходна за нашите ученици за следење на  наставата од далечина. Во оваа прилика би сакал да упатам благодарност освен на компанијата „Амфенол“ и до компаниите „Тинг  Инокс“, „Руен Инокс“, како и до сите општествено одговорни граѓани кои донираа на училиштето. Голема благодарност и до Д-р. Весна Панова, Д-р. Борка Панова и на нашиот поранешен ученик Никола Манов, кој исто така донираше информатичка опрема за учениците кои следат оналајн настава.Иако станува збор за употребувана информатичка опрема, сепак ќе послужи на нашите ученици непречено да ја следат онлајн наставата, истакна директорот на ОУ„Св. Кирил и Методиј“, Даниел Кралев.

Кралев апелираше и до останатите компании и граѓани кои се во можност да донираат, бидејки секоја донација на информатичка опрема во моменти кога се спроведува онлајн настава ќе биде од голема корист и за училиштето и за учениците.

И.Матеничарски

Сподели: