Во чест на патрониот празник на нашето училиште ООУ „Климент Охридски- Облешево,започнуваме со повеќе активности по тој повод.
Денес во паркот на централното и подрачните училишта засадивме садници од ГИНКО дрвца кои ги донираше за нашето училиште Томе Стојанов-Гинко , кој потекнува од нашата општина.
Гинко дрвото е симбол на здравје и долговечност . Со таа симболика во името на нашето училиште ви го честитам патрониот празник на вработените ,учениците, родителите и локалната заедница од општина Чешиново-Облешево .
Честит празник Св. Климент Охридски просветител и заштитник на нашето училиште!
ООУ „Климент Охридски” – Облешево