Септември е месецот на првачињата, на нов почеток и предизвик за секој ученик . Со пригодна свеченост и поздравен говор на Директорот Јорданче Костадинов, првачињата од ООУ “Климент Охридски”- Облешево го заземаа своето место во училишните клупи. Од страна на градоначалникот на општина Чешиново Облешево Далибор Ангелов, беа обезбедени пригодни подароци за сите првачињата од општината, чии број оваа година е 31 во двете основни училишта, што е за 10 помалку од минатата година .
Како и досега, навремено и подготвени ја започнуваме учебната година,обезбеден е превозот од подрачните училишта, обновени и адаптирани просторните услови,обезбеден огрев за грејната сезона, а наставниот кадар е подготвен за уште една успешна учебна година која ова година се планира да заврши на 10 Јуни, и без пролетен распуст според насоките од МОН. Продолжениот престој на учениците е организиран според потребите на родителите од сите населени места кои ги опфака нашето училиште, истакна директорот на училиштето, Климент Охридски –Облешево, Јорданче Костадинов.
ООУ „Климент Охридски“ – Облешево