ООУ „Малина Попиванова“ ги реновираше и доопреми дел од училишните простории

Основното општинско училиште „Малина Попиванова“ зимскиот распуст го искористи за реновирање и доопремување на просториите и спорстката сала во училиштето.

Предновогодишните празници и во текот на распусот на ученциите реновирана е наставничката канцеларија, училишната спортска сала и доопремен е кабинетот по информатика.

– Преодот од старата во Новата година го искористивме за обнова на подот во наставничката канцеларија, набавени се нови маси, столови и шкафови за наставниците. Променети се сите врати на канцелариите на администрацијата и наставничката канцеларија и предпросторот пред нив со нови плочки. Целосно е обновен пархетот во училишната спортска сала со што се доби нов лик и подобри услови за учениците при користење на салата. Набавивме и 15 компјутери и сервер за кабинетот по информатика како и четири нови ЛЦД телевизори за училниците каде недостасуваат, соопшти Благој Петров, директор на ООУ „Малина Попиванова“.

Реновирањето и опремувањето е финансирано од сопствени средства на училиштето.

Од ООУ „Малина Попиванова“ информираа дека во иднина се планира замена на сите училишни клупи како и доопремување на кабинетите со нагледни средства и помагала.

 А. Арсов

Сподели: