ОУ „Малина Попиванова“ заедно со проект партнерите од Стара Загора Р.Бугарија , Карловац Р. Хрватска и невладината организација „Еко Лоџик“ од Скопје, денес во Кочани ги започнаа проектните активности во рамки на Еразмус + проектот, „Цели за одржлив развој на учениците“.
Преку проектот планирано е да се подготват наставни материјали и онлајн платформа преку која ќе се дефинираат 17 цели за одржлив развој на учениците и истите ќе се применуваат во наставата.
-Ова денес е прв ваков заеднички состанок на учесниците во проектот кој е дел од Еразмус + програмата и се однесува на одржливиот развој на учениците. Имаме претставници од Стара Загора од Р. Бугарија, Карловац од Р. Хрватска и Невладината организација „Еко Лоџик“ од Скопје која и е веќе позната на нашите сограѓани со реализација на неколку досегашни проекти. Денес ќе се договориме за сите активности што ќе следуваат во иднина, а потоа ќе продолжиме да работиме на следните три состаноци кои ќе бидат во Стара Загора, Карловац и Скопје. Проектот добро го започнавме и искрено се надевам дека уште подобро ќе го завршиме“ – истакна Благој Петров директор на ООУ „Малина Попиванова“.
Во проектот ќе бидат вклучени ученици и наставници од партнерските училишта кои заеднички ќе работата на успешна реализаија и имплементација на целите за одржлив развој во наставата.