ООУ „Малина Попиванова“ најави Осмомартовски базар и Еразмус + активности

ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани по повод Меѓународниот ден на жената 8 –ми Март организира Осмомартовски базар на рачни изработки.

Станува збор за продажен базар со хуманитарен карактер каде ќе бидат изложени рачни изработки што се изработени на заеднички креативни работилници на учениците, наставниците и родителите.

  • Осмомартовскиот базар е прв од ваков тип во општината што го организира нашето училиште. Базарот е од продажен карактер, а собраните средства ќе бидат искористени за патрониот празник кој наближува како и за помош на семејства од социјален ризик од нашето училиште. Базарот ќе се одржи во пресрет на Меѓународниот ден на жената, на 7 март со почеток од 11 ч. во дворот на училишната зграда, истакна Благој Петров, директор на ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани.

Од ООУ „Малина Попиванова“ истакнаа дека започува и проектот на Еразмус + програмата „Цели за одржлив развој“ во кој се вклучени организаици и училишта од Македонија, Бугарија, Италија и Турција. По тој повод во периодот од 21-23 март во Скопје ќе се одржи првата средба за воспоставување на проектните активности со проектните партнери на која ќе присуствуваат и претставници на кочанското основно училиште.

Директорот Петров најави дека во училиштето се работи на реновирање на просториите на стручната служба, а во следниот период ќе следи реновирање и на други простории во зградата. Планирано е и хортикултурно уредување на училишниот двор како и поставување на детско катче на влезот откај булеварот „Тодосија Паунов“.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: