На свеченост по повод 122 годишнината од раѓањето на револуционерката Малина Попиванова, кочанското основно училиште го одбележа својот патронен празник.

На свеченоста во салата на училиштето учениците читаа литературни творби во чест на патронот, драмскo-рецитаторска изведба, настап на фолклорната секција, уметнички-модерен танц, презентација на боречки вештини и техники на секцијата на Клубот за реално аикидо „АИ-КО“, додека уметничкиот дел на настанот беше доверен на училишниот хор и оркестар.

Свежо цвеќе пред спомен – бистата на револуционерката во училишниот двор положија од Општина Кочани, на чело со градоначалникот Љупчо Папазов, членови на Советот на Општината, училишни делегации и пратеници.

Помеѓу двата патроната во училиштето, директорот Благој Петров информираше дека се набавени нови нагледни средства, реновирани се две училници за првоодделенци и формирана е паралелка за продолжен престој. Во иднина во план е набавка на нови бели табли и телевизори за училниците.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов





