ООУ ,,Малина Попиванова“ – Соопштение во врска со наводна дискриминација по верска основа

И З Ј А В А

Во врска со настанатата ситуација и објавените видеа на социјалните мрежи и на дел од медиумите, од родител на ученичка, во нашето училиште ООУ,,Малина Попиванова,,Кочани,во кои директно е нападнат интегритетот на училиштето и вработените би сакале да Ве информираме дека :

Во училиштето ООУ,,Малина Попиванова,, Кочани не се врши ниту пак некогаш се вршело омаловажување и дискриминација на учениците по ниту еден основ.Во училиштето на ниту еден ученик не му е забрането, ниту имало забрана за посета и следење на наставата во случај на носење на марама кај ученичките.Воедно сакаме да ја информираме јавноста дека за ученичката која се споменува во конкретниот случај ниту е дискриминирана ,ниту е навредувана ,ниту имала забрана за посета на наставата.

Приказната која кружи на социјалните мрежи и дел од медиумите е невистинита ,навредлива и понижувачка за целиот образовен процес кој се одвива во училиштето.

Воедно нагласуваме дека се работи за еднострано дадена изјава без да се сослуша и другата страна во случајот.

По објавување на видеата од страна на родителот на ученичката директно се загрозува идентитетот на лицата кои се споменуваат, и со тоа се загрозува безбедноста и сигурноста на вработените и на нивните семејства.

ООУ,,Малина Попиванова ,,од Кочани отсекогаш било препознатливо како училиште по одличната соработка и мегуетничка интеграција и досега не постои ниту еден случај на дискриминација и омаловажување на учениците по било која етничка ,верска или друга припадност.

Со почит.                                                                                         

 ООУ,,Малина Попиванова,, Кочани

Сподели: