ООУ „Малина Попиванова“ – Транснационален состанок со партнери од Р. Бугарија и Р. Хрватска

ООУ „Малина Попиванова“  од Кочани заедно со проект партнерите од Здружение на граѓани ”Еко Лоџик“ од Скопје ,ОУ “Кирил Христов” Стара Загора Р.Бугарија   ОУ “Дубовац” Карловац Р. Хрватска  деновиве го одржаа и последниот транснационален состанок.

Домаќини на состанокот беа Здружението на граѓани ”Еко Лоџик“ , а состанокот беше одржан во Охрид. Состанокот траеше два дена (05-06.04.2023) и на него беа дискутирани сите досегашни активности кои беа сработени како дел од проектот “Цели за одржлив развој за ученици“ како и престојните активности за завршување на истиот.

Партнерите исто така споделија и идеи за понатамошно продолжување на партнерствата меѓу организациите кои ги претставуваат.

ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани

Сподели: