ООУ „Никола Карев“ – Кочани го одбележа Европскиот ден на јазиците

ООУ „Никола Карев“ – Кочани денеска на пригодна свеченост во училишната зграда го одбележа 26 Септември, Европскиот ден на јазиците.

Учениците од училиштето во соработка со Јазичниот центар „Амичи“ приготвија заедничка програма на која пишуваа пораки, читааа и рецитираа на различни јазици, со цел промоција на јазиците кои се зборуваат во Европа како културно наследство.

– Целта е да се даде значење на сите јазици кои се зборуваат во Европа, како еден нераскинлив дел од културното наследство. Активностите организирани на овој ден се во насока на истакнување на важноста од изучувањето на јазиците. Програмата ни се состои од пишување на пораки на различни јазици кои се поврзани со јазикот, на македонски, италијански, германски, турски и ромски јазик. Како наши гости се вклучени и претставници од Јазичниот центар „Амичи“ кои ќее претставија на  италијански јазик. Гостин на настанот ни е поетесата Нахида Дурмишова која ни се претстави со своја поезија на турски и ромски јазик, истакна Љупка Стојменова, наставник по македонски јазик и литература во ООУ „Никола Карев“ – Кочани.

По иницијатива на Советот на Европа, Европскиот ден на јазиците од 2001 година се слави секоја година на 26ти Септември.

Фото: A. Арсов

Сподели: