ООУ „Никола Карев“ учесник во проектот „Дигитално културно наследство” на Еразмус + програмата

Известување од ООУ „Никола Карев“- Кочани:

Почитувани,

ООУ ”Никола Карев” Ве известува дека на 07.05.2021 во градот Лудбрег Хрватска, се одржа средба за почеток на проектот од Еразмус + програмата, 2020-1-HR01-KA227-SCH-094766 именуван како “Дигитално културно наследство” кој ќе трае во следните две години.

Покрај ООУ “Никола Карев” учествуваат и училишта од Велики Буковец, Хрватска и Пазарџик, Бугарија и невладини организации.

Станува збор за дигитално културно наследство претставено преку виртуелни 360° камери. Како главна цел на проектот е иновативноста, креативноста на учениците и нивните ментори кои ќе работат во тимови претставувајќи го своето национално богатство.
Во денешно време има се поголем интерес за користење различна технологија преку која се промовира културното наследство за да се едуцираат посетителите, туристите и граѓаните за едно национално богатство. Со користење на овие виртуелни 360° камери ќе се подготват проекти со кои ќе се промовира културата на трите спомнати држави, Република Северна Македонија, Република Хрватска и Република Бугарија креирајќи приказни од историски објекти, уметнички изработки или цртежи, традиционални носии, музика и танци карактеристични за културата и обичаите на секоја од државите.

ООУ „Никола Карев” – Кочани

Сподели: