Денеска го славиме патрониот празник на ООУ „Страшо Пинџур“ – с.Соколарци во една скромна атмосфера, за разлика од претходните години кадешто имавме академија и повеќе настани .


Во училишниот двор во рамки на одбележувањето во училиштето имаше спортски активности, со игри на полигон, полигон со велосипеди и натпревар во фудбал, а учениците прочитаа рецитал посветен на патронот. Воедно беа наградени учениците кои учествуваа на литературниот конкурс распишан по повод патрониот празник.


Во чест на патронот беше откиена биста на Страшо Пинџур која беше поставена за прв пат од времето на постоење на училиштето. Вработените и учениците положија свежо цвеќе и му оддадоа почит на својот патрон. Се надеваме дека наредната година ќе го прославиме патрониот празник во малку поведар дух.


Огромна благодарност до присутните и учесниците во одбележување на овој ден, соопштија од ООУ „Страшо Пинџур“ – с.Соколарци
ООУ „Страшо Пинџур“ – с.Соколарци
