Изминатиот период Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со Владата која ја предводи инвестираше во 44 различни градинки и објекти за ран детски развој” и создаде услови за квалитетно сместување на 3.000 предучилишни деца.
Дополнителни 15 милиони евра се обезбедени за нови инклузивни и енергетски ефикасни градинки и нови 7.500 места за згрижување на деца во градинки. Впрочем и Кочани добива нова, модерна градинка.
На овие податоци синоќа потсети Милан Живковиќ, претседател на Комисијата за труд и социјалнаполитика на СДСМ, кој заедно со претседателот на Општинската организација Гоце Серафимов и кандидатката за пратеник од Кочани Марија Ангелова, го посетија градилиштето, локацијата во Драчевик, каде што е во тек изградбата на новата детска градинка.
– Благодарејќи на одличната соработка на Министерството за труд и социјална политика и Општината, Кочани ќе добие нов објект за згрижување на децата од претшколска возраст. На овој начин ќе може да се одговори на потребите на децата кои чекаат да бидат вклучени во процесот на згрижување. Задоволни сме што тоа ќе биде модерна градинка од отворен тип со можност за поширока комуникација меѓу децата, за поттикнување на нивната креативност, за игра и повеќе физичка активност. Важно е дека објектот е од современ тип, а се гради по највисоки критериуми за животна средина. Паралелно со градењето на новата градинка, ги подобруваме и условите за престој на децата во постојните објекти. Сиот овој период потврдивме дека се грижиме за децата, за нашата иднина – соопшти” Марија Ангелова.
Ангелова додаде дека инвестирањето во градинките значи поквалитетен ран детски развој, но и поголема вклученост на родителите, особено на жените на пазарот на трудот, а обезбедувањето доволно капацитет за згрижување на децата всушност значи создавање квалитетен човечки капитал во иднина.
Соопштение за медиумите на ОО на СДСМ Кочани