ОО на СДСМ – Кочани: Исплатата на субвeнциите е редовна, планираме нови мерки во земјоделството

Владата предводена од СДСМ во своето владеење од три години успешно се справи со сите последици и неодговорно однесување кон секторот земјоделство од поранешниот режим на ВМРО ДПМНЕ и успеа да одговори на барањата на стопанствениците, земјоделците, на потребите на секој еден  граѓанин во периодот на справување со пандемијата.

– Успеавме да го исплатиме долгот на режимот од 130 милиони евра, ние стигнавме во почетокот на годината да ја завршиме целокупната исплата од  350 милиони субвениции кон земјоделците, да продолжиме со навремена исплата на тековните субвенции и секако, да испланираме нови мерки во секторот земјоделство. Иако оваа година нѐ погоди пандемијата Ковид-19, ние продолжуваме да делуваме во земјоделството како битен сектор за развојот на нашата држава и веќе во третиот пакет економски мерки којшто е пакет за обнова на економијата, за новата развојна економија, еден сегмент се нови мерки коишто ќе дадат поттик за развој на земјоделството и справување со кризата и со последиците од ударот на оваа криза – изјави Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ.

СДСМ продолжува да креира долгорочни и среднорочни рамки, што ќе им дадат можност на земјоделците да го окрупнат своето земјиште, да влезат во нови производствени капацитети,  со внесување на нови технологии во нивното работење за да ја зголемат нивната конкурентност и нивната позиција како сектор, но и лично како земјоделци да го подобрат квалитетот на животот.
Марија Ангелова, кандидатка за пратеник од СДСМ, потсетува на подобрената состојба со оризопроизводството.

– Министерството за земјоделство ги зголеми субвенциите по обработлива површина од 12 000 денари на 25 000 денари односно од 6 000 денари на 18 000 денари, во зависност од семенскиот материјал. Откупот на оризова арпа и бел ориз се одвива непречено, и моментално за разлика од минатите години, просечната откупна цена бележи значителен пораст и се движи од 25 до 30 денари за килограм оризова арпа и од 50 до 65 денари за килограм за бел ориз,  во зависност од сортата – истакна Ангелова.

Политиката на субвенционирање со одвојувањето на оризот од останатите житни култури, ја враќа оваа култура на нивото од пред дваесетина години кога беше препознатлив бренд за Кочанскиот регион.

Соопштение за медиумите на ОО СДСМ-Кочани

Сподели: