ОО на СДСМ – Кочани: Криминалот со атмосферската канализација е дело на ДПМНЕ

За ДПМНЕ е вообичаена праксата за сите нивни катастрофи вината да ја префрла кај Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Тоа се потврдува и во соопштението објавено на 19 јуни 2020 г., во кое општинскиот огранок на ДПМНЕ тврди дека изградбата на атмосферска канализација во Кочани е нивно значајно остварување, но за лошите резултати од овој проект е виновен Социјалдемократскиот сојуз.

Проектот кој беше реализиран во времето кога апсолутната власт ја имаше ДПМНЕ и за кој тие потрошија 1.200.000 евра – е огромно разочарување за Кочани, но слика за општото владеење на режимот на ДПМНЕ. Од лошо проектираната и уште полошо изведена атмосферска  канализација страда цело Кочани. Граѓаните лично осетија колку зло им донесе намалувањето на големите одводи, цевки и шахти, направено за да се слее нешто повеќе во џебовите на крупните „патриотски“ ѕверки. Ова е само од еден од очигледните грабежи на ДПМНЕ! Наместо современо инфраструктурно решение –  Кочани се дави во поплави на секој поголем дожд, поради личното профитерство и ненаситноста на ДПМНЕ!

Што се однесува до вториот „аргумент“, дека КЈП „Водовод“ не ги одржува соодветно атмосферските решетки, силите на ДПМНЕ покажуваат елементарно незнаење, бидејќи Програмата за одржување на сливните решетки за атмосферска канализација се реализира преку фирма избрана по пат на јавна набавка.

Криминалот со атмосферската канализација е дело на ДПМНЕ! Штетата, како и од скапиот школски превоз и милионските општински и државни долгови направени во времето на режимот, уште долго ќе потсетуваат дека не треба да им се дозволи да дојдат на власт, дека треба да бидат што подалеку од народната каса.

ОО на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија – Кочани

Сподели: