Почитувани сограѓани,
Сите бевме сведоци на денешното парадирање на преставници од локалната влат заедно со нивниот шеф Мицковски. Добро е што глумат загриженост за вчерашното потфрлање во однос на најавениот прекин во водоснабдувањето. Впрочем, тоа е и единственото нешто за кое би можеле да зборуваат од аспект на одговорност, како единствен потфат во кој директно се вклучени.
Она што е незамисливо и неприфатливо е бескрупулозното препишување на проекти како своја заслуга. Барем еднаш да бидат свесни дека не можат и не смеат медиумски да ја манипулираат јавноста.
Тоа што им недостасуваше во изјавите, ќе го дополниме. Договорот за изградба на дел од потисен цевковод од пумпна станица Грдовски орман до изливен базен на препумпна станица од водоводен систем во општина Кочани е склучен на ден 27.07.2021 година. со проценета вредност од 44 500 000 денари помеѓу тогашната локална власт и градоначалникот Николчо Илијев со поддршка од Владата предводена од СДСМ.
Со овој проект се решава едно од суштинските прашања за Кочани – подобрување на системот за водоснабдување за наредните 50 години!
Се надеваме дека во иднина, ДПМНЕ ќе научат да бидат транспарентни и ќе можат да ги пренесуваат информациите во целост. Сепак станува збор за доброто на нашите сограѓани, а не прилика за сопствена реклама.
Се’ уште со нетрпение ја чекаме најавата и на нивниот капитален проект каде вистински ќе се види нивната заложба и нивните “капитални ветувања” во предизборието.
Со почит, ОО на СДСМ Кочани