ОО на СДСМ – Кочани: На лицемерието да му се немало крај

Без никаков срам, без никаква почит спрема нашите сограѓани – се шетаат и промовираат проекти за кои ни одблизу немаат никаков удел.

Па и нивниот ментор Мицковски, наместо да си ги гледа своите хидроцентрали и да си ги планира следните инвестиции, бескрупулозно доаѓа да ја лаже и манипулира цела кочанска јавност.

Почитувани сограѓани,

Реалноста е горка и за жал доста сурова. Од нивната програма – НИШТО не е реализирано, а камоли започнато.

Врв на цинизмот е исклучувањето на струјата на КЈП Водовод поради неплатена струја. Преседан од невидени размери!

И не застануваат тука – преземени се активности да се обезбеди напојување со струја за капелата и бензиската пумпа.

За какви активности станува збор и дали истите се легални?

И на сето ова – Мицковски и локалните властодржци ви сервираат приказна која ни од далеку не доликува на онаа со која ве излажаа да им ја дадете Вашата поддршка пред точно една година.

Или пак Мицковски е тука за да понуди решение за струјата во КЈП Водовод!?

А можеби пак медарот намирисал нова можност за изградба на хидроцентрала!?

Зарем тоа го заслуживте?

Со почит,

ОО на СДСМ Кочани

Сподели: