ОО на СДСМ – Кочани – Реакција на соопштението на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Кочани

Почитувани,

Градинката е изградена и опремена од локалната власт предводена од СДСМ со поддршка од централната власт. Тоа потврдува дека како партија отсекогаш сме биле посветени и во служба на секој еден поединец. Време е да престанете со спорен и нелогичен “транспарентен” настап кој го продавате пред јавноста и јавно да објаснете зошто, и на добиени согласности, не ги пуштате работните места? Кога и да немате соодветен партиски кадар вработувањето е невозможно?!

Планот ви содржи низа вработувања кои не се во делокруг на работата на градинката, а се подредени и искроени според компетенциите на партијци кои мора да ги згрижите.

Ние бевме конструктивни и ве поддржавме, но она што го направивте беше вработувања и унапредувања на синови и ќерки на ваши партиски поданици.

Тоа не може и не смее да се случува!

ОО на СДСМ Кочани

Сподели: