Почитувани,
Поминаа осум месеци од моментот кога ДПМНЕ дојде на чело на локалната самоуправа во Кочани. Осум месеци Градоначалникот Папазов освен ракувања, некакви средби и фотографирање пред веќе започнати проекти, во јавноста не може да се види. Ниту денар не се одвојува за помош на граѓаните но, затоа се троши за партиски вработувања.
Додека за неговите партиски војници вработувањата и се претрупуваат, за граѓаните кои не се од неговата матрица нема место. Се кочи, се затскрива, се оди против закон.Папазов отстапи од законската регулатива не одобрувајќи согласност на директори на училишта, кои не се од редовите на партиското членство, а блокадите, притисоците и опструкциите се единствениот начин на делување на ДПНЕ.
Сепак, никој не е над Законот, неговите ингеренции беа одземени со назначување директно од Министерството. И покрај тоа што за ВМРО-ДПМНЕ е непознато и изненадување институциите да работат за интересот на граѓаните, Законот постои за сите, институциите постапуваат по своите законски надлежности за сите, иако според нив, доколку не е во интерес на самата ДПМНЕ, тогаш е закана или притисок.
Градоначалник, за вакви промени ли ве гласаа граѓаните?
Блокирате Закони од животна важност на граѓаните во Парламентот, незаконски ја финасиравте својата партија, трошите народни пари само за партиски вработувања, во време на светска економска криза организирате митинзи од најмалку 300.000 евра, на кои зборувате за сиромаштија?!За едно бевте во право – Премногу е!
Со почит, ОО СДСМ Кочани