Почитувани сограѓани,
Срамно и цинично е коментирањето на ДПНЕ за реализација на модуларната болница во Кочани бидејќи токму тие не го потпишуваа кредитот со Светска банка со кој се реализира изградбата на овие болници во август, како дел од техничката влада.
Во Кочани, реализацијата на овој проект се одвива според предвидените рокови, фундаментот е поставен и веќе од следната недела, модулите ќе пристигнат на локацијата. Министерството за здравство го следи целиот процес и за неполн месец модуларната болница ќе биде оперативна. Локацијата е утврдена поради потребата да биде врзана со топла врска со постоечката. Истата е опремена со современа опрема за КОВИД пациенти со кислородна поддршка и лабараторија за КОВИД детекција. Воедно, Општа болница Кочани, сè уште е КОВИД центар кој, за среќа, ниту еднаш не ги исполни своите капацитети. Моментално, во болнички услови има вкупно 5 пациенти кои се во стабилна состојба.Во Република Северна Македонија се градат 19 модуларни болници во 16 општини, а 5 се веќе пуштени во употреба. Неспоредлив е фактот со само две во Србија затоа што овие модуларни болници се опремени за згрижување на 600 пациенти и пружање на болничка нега со современа опрема.
Ние градиме болници според потребите на граѓаните, а не стиропорни фасади и галии.
Претседател на ОО СДСМ Кочани
Гоце Серафимов