ОО на СПМ – Кочани положи свежо цевеќе на споменикот на Никола Карев во Свиланово

Денес, раководството на ОО Социјалистичката партија на Македонија – Кочани со полагање на свежо цвеќе го одбелжа 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба во која активно учествува македонскиот социјалист, револуционер, учител, војвода и претседател на Крушевската Република, Никола Карев (1877-1905) кој загинал токму на ова место, во месноста Свиланово, кај с. Рајчани.

Во неговото револуционерно дело ќе дојдат до полн израз државотворните гледишта на македонските социјалисти за создавање независна македонска држава.

За многу години празникот!

ОО на СПМ – Кочани

Сподели: