Почитувани сограѓани,
деновиве сме сведоци на објави на локалната власт дека после 13 години сметката на општината е одблокирана и се постигнати договори со доверителите за исплата на долговите кон нив. По ова се наметнува прашањето зошто цели 13 години некој ја пустошел општината како што сакал. Кој раководи со општината 13 па и 20 години? Дали и сега ќе кажете дека централната власт не се грижи за граганите на општина Зрновци знаејки дека вбризга пари за раздолжување.
Граѓаните на општина Зрновци ги интересира зошто кога цело време е на власт вмро е доведена сметката на општината да биде празна и дали некој ќе биде повикан на одговорност заради состојбата во која е затекната сметката.
Почитуван градоначалник Ве охрабруваме да направите независна експертска ревизија на досегашното работење на општината и јавно да го објавите недомакинското работење на претходното раководство.
Доколку не преземете нешто ќе сметаме дека ќе останат само предизборните прегратки и објави на социјалните медиуми.
ОО СДСМ – Зрновци