Соопштение од ОО на СДСМ – Кочани
Почитувани сограѓани,
Денешниот штрајк организиран на магистралниот пат кај Облешево, не беше штрајк на оризопроизводителите, туку политички настан на опозицијата желна да дојде до парите на граѓаните.
Појавувајќи се на протестот во Облешево, пратеникот Миле Лефков со елитата од времето на Груевски, поддржана од кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за Чешиново-Облешево и Зрновци им дадоа целосна политичка димензија и ги открија и онака провидните намери на штрајкувачите. Тие не бараат ништо за земјоделците! Не ги интересира ни цената на оризот ни потребите на оризопроизводителот. Тие се докажани политички манипулатори кои бараат сѐ само за себе!
Точно тие политичари додека беа на власт, субвенциите за оризот беа 6000 денари по хектар. Денес тие се три пати поголеми, благодарение на одвојувањето на субвенциите за оризот од другите житни култури, а 50 % од трошоците во производството ги покрива државата преку зелената нафта. Актуелни се мерките за поддршка на руралната жена, на младите земјоделци, за набавка на механизација, субвенционирањето на младите насади. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанаство, годинава за првпат ја воведе мерката за набавка на специјални комбајни за женеење ориз со сечкалици за сламата што претставува уште една помош во намалувањето на трошоците за прибирањето на оризот и преставува мерка против палењето на стрништата.
Социјалдемократскиот сојуз останува на страната на земјоделецот, тоа го покажува и подготвеноста на оваа Влада да разговара и да ги поддржува оризопроизводителите.
Личните интереси на политичарите што стојат зад дел од оризопроизводителите уште еднаш ја покажаа нивната неизмерна желба за власт и моќ.
Ги повикуваме земјоделците од Кочанско да се оттргнат од нивните манипулации и своите намери да ги остварат на маса, со преговори со надлежните институции.
Општинска организација на СДСМ – Кочани