Почитувани сограѓани,
Владата на Република Северна Македонија деновиве обезбеди парична помош на сите земјоделци чии посеви беа оштетени од поплавите кои ја зафатија нашата општина во август 2020-та година.
Со 224-те поднесени барања се опфатени правни и физички лица чии оштетени градинарски култури опфаќаат површина од над 100 хектари земјоделско земјшите и за истите се исплатени вкупно 5 529 000 денари. Поплавите нанесоа големи штети во атарот на селата Грдовци, Долни и Горни Подлог, Оризари, Прибачево, Тркање како и во околината на Кочани, а Владата предводена од СДСМ повторно, неселективно, непристрасно, на секој еден земјоделец со уредно поднесена документација, излезе во пресрет и помогна.Секогаш го слушаме гласот на земјоделците и секогаш бараме решение на проблемите. Продолжуваме да ја зголемуваме поддршката, да правиме нови реформи, да го подобруваме пласманот, да имаме што пониски трошоци за произвдството.Државата е должна секогаш да помага и да се грижи за своите граѓани!
Со почит,
ОО на СДСМ Кочани