Почитувани,
Денеска во Кочани престојува претседателот на опозициската ДМПНЕ Христијан Мицковски. Имаше можност да се прошета низ градот на оризот, да пие кафе во разубавениот Трговски центар, да ужива во кејот и да го види реконструираниот Центар за култура „Бели мугри“. На неколку метри погоре, можеше да види дека се работи и на реконструкција на уште еден културен објект – Мултикултурниот центар. Подолу пак од паркот, веројатно ги забележал подготовките за ново сообраќајно решение со втората булеварска лента на улицата „Стево Теодосиевски“.
За жал, пред медиумите немаше доблест да признае дека разликата во развојот на Кочани од пред три години е повеќе од очигледна. Дека за кратко време Кочани доби повеќе инвестиции отколку за нивната претходна деценија.
Таа разлика е резултат на одличната соработка меѓу државната и локалната власт, на многуте капитални проекти што се реализираат. Кочани се развива како никогаш досега: се гради нова детска градинка, обезбедени се средства за решавање на домувањето на социјално загрозените семејства во Старата касарна, се гради планинарски дом и се реконструираат ски-лифтовите на Пониква, се рехабилитира вториот дел од патот за Пониква. Се гради браната „Речани“. Досега се изградени и реконструирани улици и патишта повеќе од 20 км, инфраструктурната офанзива продолжува!
За среќа на земјоделците, благодарение на грижата на оваа Влада, исплатата на субвенции е навремена, а цената на оризот – никогаш подобра.
Владата во изминативе три години покажа дека Кочани е во центарот на нејзиното внимание. Одговорното работење на градоначалникот Николчо Илијев е пример за тоа како некој се залага и работи за граѓаните на Кочани. Убедени сме дека заемната поддршка меѓу локалната самоуправа и централната власт ќе продолжи и Владата предводена од СДСМ ќе продолжи да ги поддржува локалните проекти!
Затоа на 15 јули СДСМ со коалицијата „Можеме“ ќе бидат убедливи победници! Можеме уште повеќе. Можеме уште подобро!
Гоце Серафимов,
Претседател на ОО на СДСМ – Кочани