ОО СДСМ Кочани: Колку би чинел животот на едно дете, според пресметките на десничарите?

Почитувани,

Денес на Пониква беа реализирани показни вежби пред делегација на министрите за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Република Црна Гора. Бевме домаќини на една средба која ги претстави потенцијалите на овој Спортско – рекреативен центар кој уште во минатиот век служел како воен полигон на реализирање на важни полициски операции.

Она што не нè зачуди е реакцијата на ДПМНЕ и нивната хаотичност. Во отсуство на каков било коментар а, со интенција што е можно побрзо да се искриви целата таа позитивна слика – успеаја да ја поврзат Републичката контрола со бројот на куршуми за потребите на вежбата!?

Драги челници на ОК ДПМНЕ, Кочани, спроведувањето на законот е над СИТЕ и над СЕКОЈ! Ако според вас, изречените казни за прекршоци се преголем товар за обичниот граѓанин, дали истото ќе го мисли некоја мајка која би го изгубила своето чедо од несовесен возач!?

Свесни сме дека нашите перцепции се разликуваат – вие сте научени да конфискувате сè што може да се искористи за свои лични цели, вие умеете најладнокрвно да го кршите законот од секој можен аспект – само да се полнат вашите џебови и вашите суети.

Чисто за споредба – во ваше време, припадниците на МВР немаа ни чизми а камоли неопходна опрема со која би ги извршувале секојдневните обврски!
Додека вие броите куршуми, ние градиме заеднички релации!

Додека вие броите куршуми, ние транспарентно и одговорно реализираме проекти кои допрва ќе донесат придобивки како за државниот така и за локалниот економски развој.

Таму каде што Вие од ДПМНЕ рушевте – ние градиме планинарски дом, одржуваме и развиваме соработка со соседните држави од Балканот.

Го броиме само напредокот на нашата општина и секој влог во неа, го подобрува животот на секој поединец!

ОО СДСМ Кочани

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial