Почитувани сограѓани,
Во период кога епидемијата е ставена и се држи под контрола, ние мора да се враќаме во нормала, но и да научиме да живееме со коронавирусот. Кризата спласнува, но вирусот е сè уште присутен.Затоа, не смееме да се опуштиме. Борбата со вирусот ќе ја продолжиме преку целосно почитување на мерите на лична заштита и заштита на јавното здравје.
Во такви околности ќе функционираат и државата и институциите кои денеска се наоѓаат во крајно комплицирана состојба која налага организирање на избори во првиот можен рок.
Новата нормалност значи и организирање на изборен процес согласно здравствените протоколи пропишани од надлежните институции. Истовремено, политичките партии имаат обврска и одговорност да водат одговорни кампањи без масовни собири каде целосно ќе бидат запазени сите мерки на заштита.
На граѓаните, на државата, им се неопходни законодавна и извршна власт со полн капацитет и легитимитет.
Само со такви институции со целосен легитимитет можеме полесно и побрзо да се справиме со здравствените и економски последици од коронакризата.
Со новата нормалност согласно протоколите за заштита ќе функционираат градинките, училиштата и факултетите, ќе функционираат угостителските објекти, фабриките и јавниот транспорт.
Нашиот град веќе доби нов, модерен лик, а реконструкцијата во Трговскиот центар е на самиот крај.Какошто и најави Градоначалникот Николчо Илијев, позавршувањето на вонредната состојба,граѓаните ќе можат да му се вратат на омилениот простор кој нуди повеќе можности. Станува збор за едно од најфреквентните места во Кочани – чија реконструкција, осветлување и озеленување го вратија урбаниот сјај во центарот на градот.
Светот се отвара и враќа во нормала, тоа ќе го правиме и ние.
Ви благодарам!
Емилија Серафимова
Член на Совет на Општина Кочани и претседател на Комисија за здравство во ОО СДСМ Кочани