ОО СДСМ – Кочани – реакција на соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани

Претставници од ДПМНЕ,

Престанете да ја лажете јавноста и да ја искривувате вистината пред граѓаните! Тие ви ја дале нивната доверба да раководите со Општината и НЕ СМЕЕТЕ во никој случај да ги манипулирате!Веќе неколку пати се обидувате да протнете и да си изгласате точки на дневен ред злоупотребувајќи го вашето мнозинство во Советот.

Со класично шверцување одлуки на Совет, тешко дека им мислите добро на граѓаните. На тој начин само си ја покажувате својата надмоќ и се обидувате вашите планирани и договорени активности да поминат без никој да разбере.За жал, не може така. Се додека сте крајно нетранспарентни и се грижите само за вашите лични интереси, НИКОГАШ нема да ја добиете поддршката од опозицијата, а и граѓаните веќе го препознаа вашето лицемерие. Вашето соопштение до јавноста изобилува со негативни, еднонасочни и недемократски критики. 

Објаснете и на кочанската јавност зошто се случува целиот тој „циркуз“, како што го нарекувате! Барем еднаш бидете искрени и кажете им на вашите сограѓани со кои механизми се служите за да си ги изгласате предвидените точки по секоја цена!Тоа не може и не смее да се случува во демократка држава, уште помалку во Општина која во последните неколку години беше лидер во транспарентност, одговорност и менаџирање!

ОО на СДСМ Кочани

Сподели: