Почитувани,
Општина Кочани уште еднаш покажа и докажа дека е општина во која солидарноста и сплотеноста се нејзините најсилни двигатели. Се соочивме и успешно се справивме со предизвик од големи размери, предизвик кој на тест ги стави сите капацитети и ресурси со кои располагаме.
Благодарение на противпожарните единици, припадниците на Армијата и МВР и сите останати надлежни институции кои беа вклучени во справувањето со огнената стихија; благодарение на граѓаните и општините кои несебично се вклучија и помагаа, благодарение на нашите соседи и сојузници, успеавме да го победиме најлошото.
Последиците се неминовни и затоа, Советот на Општина Кочани денес одржа вонредна седница на која со едногласна одлука издвои два милиона денари како почетна помош за граѓаните чии објекти и друг имот се оштетени од пожарот.
Она што опозицијата сака да го наметне како проблем е нереално, а решението – безидејно. Пожарите не се предмет за политички препукувања и не смеат очајнички да се користат за собирање на политички поени.
Нашата општина е општина за сите граѓани и нивната безбедност и сигурност секогаш е на прво место!
Со почит,
ОО на СДСМ Кочани