ОО СДСМ – Кочани со хуманитарна акција за помош на 150 социјално загрозени семејства од општина Кочани

ОО СДСМ Кочани денес спроведе хумана акција за донација на прехранбени намирници до социјално најзагрозените семејства на територијата на општиина Кочани

Мобилните тимови составени од членови на највисокото партиско раководство доставија прехранбени пакети до 150 семејства со социјален ризик независно од етничката припадност и религија.

Ова е уште еден знак на почит кон нашите сограѓани на кои мислиме секојдневно, особено сега во епидемијата од Ковид -19. Ние бевме кај нив и заминавме со пораката „Седете дома – тука сме за Вас“.
Воедно ги замоливме нашите сограѓани да ги почитуваат мерките на Владата, да ја почитуваат хигиената и дистанцата.
Така ќе го спасат својот и нечиј живот.

ОО СДСМ Кочани

Сподели: