Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј!
Со своето дело им го отворија патот на словенските народи, кон описменување, го поставија темелот на писменоста со што дадоа голем цивилизациски придонес.
Поради нивниот придонес, обединувачки пораки и мисии, се слават ширум светот и веќе се дел од европското културно и духовно наследство.
Со нивната успешна борба за признавање на словенското писмо и јазик, тие го афирмираа правото на еднакво признавање на секој јазик, помогнаа за културно и духовно прогледување на многу народи ширум светот.
Нека е честит Рамазан Бајрам на сите припадници од исламска вероисповест!
Нека е честит Рамазан Бајрам на сите припадници на исламската вероисповед во нашата земја. Во спокојство, среќа и здравје да го славите Бајрам.
Празникот не учи дека сите треба да си помагаме, да сочувствуваме со другите, не повикува уште еднаш да ги афирмираме вредностите на солидарност, почит и трпение. Вредности кои имаа посебно значење и за време на последниот предизвик на нашето заедничко општество, справувањето со коронавирусот.