Во Градскиот трговски центар во Кочани, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги промовираше проектите за развој на спортот во општината.
- Обезбедуваме услови за квалитетен спорт во општина Кочани. Спортот во Кочани има традиција, остварени вредности, изградени објекти, традиоционални спортски манифестации, стручни кадри и секако граѓани кои го сакаат и го почитуваат спортот. Мора да сме насочени кон се помасовна реалицаја на проекти од овој домен- истакна Марија Ангелова, кандидат за пратеник на СДСМ од Кочани.
Тие најавија изградба на нова мултифункционална сала во Кочани како и поголема промоција на спортот во градот.
-Градиме нова мултинаменска сала во Кочани која ќе биде од големо значење за напредок на професионално ниво.Најавуваме враќање на славните спортски денови во Кочани. Со новата програма за спорт, тимот на СДСМ вклучи истакнати спортисти кои имаат искуство и ги познаваат предизвиците со кои се соочуваат, рече Коста Иванов, претседател на ОО СДММ Кочани.
На штандот во Трговскиот центар, меѓудругото претставници на ОО СДСМ Кочани дела промотивен материјал за граѓаните.