Опожарено возило на „Стамен Манов“, во Спанчево повреден градежен работник

На 09.02.2021 во 02.40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Стамен Манов“ во Кочани настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ без регистарски ознаки, сопственост на Ш.Д.(47) од Кочани. Пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани.

На 09.02.2021 во 09.20 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 09.00 часот Т.А.(60) од Скопје,  додека изведувал градежни работи на патот во изградба кај с.Спанчево, кочанско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани.

Извор: Дневен билтен на СВР Штип

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial