Опожарено патничко возило во Кочани

Патничко моторно возило изгоре во пожар што настанал ноќеска еден час по полноќ на улицата „Славчо Стојменов“ во Кочани.

Како што информираат од СВР – Штип „На 28.06. 2021 година во 01.14 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул„Славчо Стојменов“ во Кочани настанал пожар во патничко моторно возило „дачија логан“, сопственост на С.Ш.(38) од Кочани. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кочани. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани, стои во соопштението на полицијата.

Извор: Дневен билтен СВР – ШТИП

Сподели: