„Оптимус Дентал“ – грижа за вашето дентално здравје

Лекувањето на забите е едно од многуте видови лекувања, кои се неопходни за одржување на доброто здравје, општата благосостојба на организмот и физичкиот изглед на индивидуата. Нашата мисија е да ги претвориме денталните интервенции во едно пријатно доживување кое го дава најдобриот резултат, затоа што стоматолошките услуги одамна не се тоа што беа пред многу години. Денес со помош на современите технологии и техники постигнуваме лесно,брзо и апсолутно безболно лекување.

Стоматолошката ординација „Оптимус Дентал“ располага со најсовремена стоматолошка опрема, со два стоматолошки стола опремени со најмодерна и минимално инвазивна апаратура,технологии за  дијагностика и лекување, како и последна генерација на стоматолошки материјали од реномирани производители. Високата професионална квалификација на нашиот персонал и материјалната база гарантираат успешно , долготрајно и квалитетно лекување на денталните и оралните заболувања.

Во „Оптимус Дентал“ се изведуваат стоматолошки услуги од сите сфери на стоматолошката дејност :

  • Пломбирање на заби
  • Вадење на заби
  • Професионално белење на заби
  • Детска стоматологија
  • Ендодонтски интервенции (Лекување на коренот на забот)
  • Протетски интервенции( изработка на коронки ,мостови, ламинати, тотални протези, парцијални протези, скелетирани протези, конструкции над импланти )
  • Пародонтални интервенции (третман на пародонтални џебови, пародонтална болест, отстранување на забен камен и меки забни наслаги)
  • Оралнохируршки интервенции

„Оптимус Дентал“ има склучено договор и работи со Фондот за здравствено и пензиско осигурување!

Тимот на „Оптимус Дентал“ го сочинуваат Д-р. Андон Арсовски , М-р.Д-р.Мери Арсовски (специјализант на Стоматолошка протетика ) и забен техничар Елена Наковска Ацова, тројца млади високо квалификувани  професионалци посветени на своите пациенти и нивните потреби.

Стоматолошката ординација се наоѓа на лесно достапно место, веднаш до Поштата во Кочани , на ул.„Маршал Тито“ бр.55/1-4, во зградата над Тутунска Банка.

Се што треба да направиш за здрави заби и блескава насмевка е да го закажеш својот термин.

Контактирајте нѐ на: 078 / 272 – 888

Сподели: