Општа дератизација на подрачјето на Кочани

Oд четврток, 30 април 2020 година, комуналните служби од Општина Кочани, КЈП „Водовод“ и Центарот за јавно здравје ќе спроведат превентивна општа дератизација во Кочани и во населените места.

За таа цел на Градската депонија, во канализациските системи во Кочани и во селата Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Горни Подлог, Долни Подлог и Тркање ќе бидат употребени вкупно 250 кг кумарински мамци.

Дератизацијата се реализира согласно Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Кочани во 2020 година, споредобврските од договоротсклучен со Центарот за јавно здравје – Кочаникакоизбран носител на јавната набавка.

Општата дератизација се спроведува двапати годишно, а за неа се наменети вкупно 300 илјади денари од општинскиот буџет.

Сподели: