Општествена одговорност на „Амфенол Технолоџи Македонија“: Седум автобуски постојки и адаптација на занимална во ДГ „Павлина Велјанова“

Со мала свеченост, Детската градинка „Павлина Велјанова“ денеска изрази благодарност за донацијата од компанијата „Амфенол технолоџи Македонија, која намени средства за пренамена на една просторија од игрална во занимална во објектот „Бамби“.

Заблагодарувајќи се за донацијата, директорката на градинката Јованка Ефтимова го истакна значењето на пренаменетата просторија која ќе биде искористена за престој на 15-20 деца.

Во рамките на одбележувањето на 10-годишнината од работењето, својата општествена одговорност компанијата „Амфенол технолоџи Македонија“ ја покажа и со обновување на четири и поставување на три нови автобуски постојки во општина Кочани.

– Минатите години имавме различни видови на донации, а годинава проценивме дека во соработка со Општина Кочани потребно е да се изградат нови и реконстурираат старите автобуски постојкии тоа сето би било во заеднички интерес на граѓаните, но и на нашите вработени кои се близу 3000. Донацијата е соодветена усогласена заедно со Општината согласно потребите. Ние изработивме три нови постојки, и четири  реконструиравме, истакна Сашко Наков, генерален директор на „Амфенол Технолоџи Македонија

Во знак на благодарност, на постојката на Градскиот плоштад, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов му врачи благодарница на директорот на „АТМ“ Сашко Наков, посакувајќи и натамошна успешна соработка.

Фото: Б. Соколов

Сподели: