Општината ќе ангажира 20 невработени лица со договор на дело

Општина Кочани објави јавен повик за ангажирање на најмногу дваесет невработени лица за достава на Решенија за данок на имот за физички и правни лица, Решенија за комунлна такса за физички и правни лица и Опомени за данок на имот или комунална такса.

Доставата ќе се врши на територија на Oпштина Кочани, а на доставувачите ќе им се исплати паричен надоместок во износ од 20 денари за доставено решение.

Секое ангажирано лице ќе склучи договор на дело со општината, а заинтересираните потребно е да поднесат пријава за јавната објава со лични информации и да имаат завршено минимум средно образование.

Јавната објава трае седум дена заклучно до  07.02.2020 година.

Пријавите со документацијата треба да се достават до Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или по пошта на адреса: ул. Раде Кратовче бр.1, 2300 Кочани, Република Македонија.

И.Матеничарски

Сподели: