Општината ќе дава пари на здруженија за обезбедување садници за пошумување

Општина Кочани распиша јавен повик за воспоставување на соработка со локални здруженија и невладини организации што работат на подрачјето на Oпштина Кочани, за обезбедување и засадување на листопадни и зимзелени садници на подрачјето на општината.

Според ова здруженијата и невладините организации од Кочани треба да поднесат пријава по јавниот повик за обезбедување на зимзелени и листопадни садници, а здружението чија пријава ќе биде избрана за најповолна според понудена цена за еден садник, ќе треба да ги обезбедат според количина која Општината дополнително ќе ја определи со посебно барање до здружението, но најмногу до  60.000,00 денари со ДДВ.

Во пријавите треба да бидат понудени единични цени на чинење на еден садник, а ќе треба да бидат предложени и соодветни локации за засадување на садниците во урбаниот дел на градот Кочани.

Пријавите по јавниот повик со комплетната документација можат да се поднесат преку пошта на адреса:

Општина Кочани, ул.Раде Кратовче бр.1 Кочани 2300  или лично во Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани во рок од денот на објавување на јавниот повик до крајниот рок за прием на пријави: 12.03.2020 година до 15:30 часот.

Јавниот повик можете да го прочитате тука.

И.Матеничарски

Сподели: